Трговија Ком ДОО

Заштита на личните податоци

Ви благодариме што пристапивте на веб страната trgovija.mk (“Web store”) во сопственост на „Трговија Ком“ ДОО. Ние ја почитуваме вашата приватност и сакаме да ги заштитиме вашите лични податоци. Да се информирате повеќе на оваа тема прочитајте ја нашата „Полиса за Заштина на личните податоци“.

Полиса за Заштита на личните податоци

„Трговија Ком“ ДОО го вреднува односот со корисниците и посветеноста на одговорното ракување со личните податоци. Водиме грижа за вашите лични податоци. Грижа која е соодветна со нашите компаниски стандарди, интернационалните стандарди и адекватна на македонските закони за заштита на личните податоци.

„Трговија Ком“ ДОО ги следи овие принципи на безбедност што се однесуваат на начинот на кој ние ги прибираме, користиме, обезбедуваме и споделуваме информациите од клиентите:

„Трговија Ком“ ДОО - Полиса за Заштина на личните податоци

Полисата за заштита на личните податоци, која следи подолу во текстов, Ви ги објаснува процесите на обработка на личните податоци кои ги доставувате на www.trgovija.mk или до нашата компанија „Трговија Ком“ ДОО. Објаснет е процесот на кој нашата компанија ракува со нив и како се грижи за нивната безбедност.

Оваа полиса не е валидна за други веб страни до кои можете да стигнете преку линк од www.trgovija.mk (пример за ова се линковите кои можете да ги најдете на нашата веб страна до официјалните веб страни на производителите). Ве охрабруваме да ги прочитате полисите на другите веб страни со цел да дознаете како тие ги прибираат, користат, споделуваат и обезбедуваат Вашите податоци.

Информации примени од „Трговија Ком“ ДОО

Како дел од Вашата интеракција со „Трговија Ком“ ДОО, можеме да примиме податоци од Вас како:

  • Контакт информации, вклучувајќи име, e-mail адреса, телефонски број и домашна адреса. Исто така може да прибираме демографски податоци, лични интереси и препораки за производи.

При испорака или при употрeбата на нашите услуги, можно е да побараме Ваши лични податоци во случаи како:

  • Нарачки на производи или услуги
  • Активирање на Ваш акаунт (кориснички профил)
  • Договарање на испорака или инсталација
  • Приклучување кон нашите наградни игри
  • Ваше учество при промоции или маркетиншки прашалници
  • Обид да нè контактирате со Ваше прашање
  • Учество во други активности на „Трговија Ком“ ДОО.

Користење на вашите лични податоци

Личните податоци кои ни ги давате ги користиме за следните намени:

  • Пополнување на барања за производи, услуги или информации
  • Следење и потврдување на online нарачките
  • Испорака или инсталација на производите
  • Учество во наградните игри
  • Овозможување на сервиси спрема Вас
  • Администрирање на промоции, маркетиншки испитувања или реклами
  • Подобрување на ефективноста и квалитетот на нашата веб страна, подобрување на ефектите од нашиот веб маркетинг и нашите понуди и услуги
  • Спроведување на истражувања и анализи
  • Праќање на маркетиншки материјали
  • Извршување на други бизнис активности по потреба.

Лични податоци доставени до „Трговија Ком“ ДОО од трети лица

Информации од/за Пријатели или Фамилија

Доколку ни доставите лични податоци за други физички лица, нашата компанија ќе ги користи тие податоци за специфичната намена за која Вие сте ги доставиле до нас. Како пример за ваков случај посочуваме испорака на производ до адреса на Ваш близок, користење на опцијата „Ваучер за подарок“ или праќање порака со препорака за конкретен производ до Ваш близок.

Информации од трети лица

„Трговија Ком“ ДОО добива информации од трети лица за нашите корисници за подобрување на прецизноста на базата со податоци за нашите клиенти, подобрување на сигурноста на податоците за конкретните клиенти или нивна идентификација. Како пример посочуваме проверка на податоците од нашите клиенти преку Златна книга, Телеком и сл. со цел потврдување на точните податоци и сигурноста на нарачката.

Споделување на личните податоци

„Трговија Ком“ ДОО не ги продава или изнајмува Вашите лични податоци до трети лица. Маркетиншките материјали ги испраќа „Трговија Ком“ ДОО без да овозможи пристап до податоците на трети лица.

Можно е да ги споделиме Вашите податоци со помошни компании како, на пример, компаниите со кои имаме посебни договори за испорака на робата, кои пак, не смеат да ги користат податоците во други намени.

Горенаведеното подразбира, “Трговија Ком “ може да сподели податоци од корисниците со одредени трети лица кои имаат договори со нашата компанија како сервисни куќи, доставувачки компании и сл. Како примери за споделување на лични податоци со други компании кои работат за нас наведуваме:

  • Пополнување на нарачка
  • Праќање маркетиншки материјали по наш налог
  • Испорака на производи
  • Закажување и извршување на инсталации
  • Сервисирање на производите
  • Одржување на нашите наградни игри
  • Спроведување на истражувања, анализи и административни интервјуа
  • Праќање на регуларни e-mail пораки на барање на „Трговија Ком“ ДОО
  • Процесирање на нарачки со кредитна картичка преку SSL сертификат
  • Компаниите со кои комуницираме во бизнисот се авторизирани да ги користат информациите единствено за спроведување на услугата за која што ги изнајмуваме. Тие се должни законски да се грижат за безбедноста на Вашите податоци според законот за заштита на лични податоци на Р. Македонија.

Од време на време, можно е од нас да се побара со судски налог, владина истрага или друг законски начин кој го наметнува правниот систем во Р. Македонија, споделување на лични податоци од конкретни корисници. Исто така имаме право да ги информираме службите за заштита на граѓаните доколку сметаме дека некоја постапка на корисниците е нелегална. Имаме право да споделиме конкретен податок кога нашата компанија смета дека тоа е неопходно поради можноста за нарушување сопственост, имот или безбедност на други или на нас самите. Исто така имаме право на трансфер на личен податок во случај на недоразбирање или сличен настан.

Избор во однос на вашите лични податоци

Штом ни ги доставите Вашите лични податоци, можеме да го користиме тој податок за праќање понуди, промоции, попусти, интервјуа и други маркетиншки алатки.

 

Доколку во било кој момент не сакате повеќе да ги примате овие маркетиншки материјали, или дел од нив, можете да испратите e-mail до нашата компанија на: unsubscribe@trgovija.mk

 

Доколку ни пратите електронска пошта со вакво барање, Ве молиме осигурајте се дека ќе го посочите Вашето полно име и презиме, адреса, телефонски број со потенцирање на измените кои сакате да ги извршиме. На овој начин ќе се осигурате дека нашите систем администратори правилно ќе Ве идентификуваат и правилно ќе го спроведат Вашето барање.

„Трговија Ком“ ДОО ќе го процесира Вашето барање со респект спрема нашите маркетиншки клиенти. Во зависност од нашиот маркетиншки распоред во однос на електронската пошта и СМС пораките, потребно е извесно време за да се процесира барањето. Информативно следуваат временските рамки за процесирање на вашето барање:

  • 10 работни денови за електронската пошта
  • 30 работни дена за телефонски маркетинг
  • 30 работни дена за СМС маркетинг.

Доколку Вашето барање е примено и спроведено, сè уште постои можноста да примите маркетиншки материјал од наша страна. Доколку ни пратите барање по електронски пат, Ве молиме дозволете ни екстра време за конечно спроведување.

Обновување на вашите лични податоци

Нашата компанија „Трговија Ком“ ДОО би сакала Вашите податоци да се точни и прецизни. Овозможуваме повеќе методи како да ги обновите Вашите лични податоци.

За да ги обновите/измените Вашата адреса, телефонски број или електронска пошта:

  • Доколку имате веќе креиран кориснички профил на www.trgovija.mk, имате можност да го измените доколку пристапите со него
  • Пратете барање на: info@trgovija.mk
    Доколку одлучите да ни испратите e-mail, новите податоци кои би сакале да ги додадеме вметнете ги во пораката.

Безбедност на вашите лични податоци

„Трговија Ком“ ДОО користи квалитетни методи со цел да ја издигне доверливоста на Вашите лични податоци на највисоко ниво и пристапот до истите да го лимитира на минимум. „Трговија Ком“ ДОО има политика и на интерни договори за доверливост. „Трговија Ком“ ДОО не може да Ви гарантира за доверливоста на податоците пратени до нас преку класичен e-mail бидеќи немаме контрола на патеката на таа порака, тоа го правите на свој сопствен ризик. Ве молиме бидете внимателни, користете лиценциран антивирус со последни антивирусни закрепи. Од време на време скенирајте го вашиот компјутер со antispyware и antimalware безбедносни апликации.

Полиса за безбедно купување на www.trgovija.mk

Нашата компанија користи повеќе различни информатички методи за да ги штити Вашите податоци во интеракцијата со нашата веб страна. Делот кој е наменет за плаќање преку интернет користи технологии на енкрипција како Secure Sockets Layer (SSL), за да се заштитат податоците при самиот трансфер. При оставањето на податоци од највисока осетливост, како број на Вашата кредитна картичка и слично, податоците воопшто не се во допир со класичниот јавен интернет, туку се оставаат во посебен безбедносен канал директно во криптирана (шифрирана) комуникација со серверите на банката.

Креирање лозинка на www.trgovija.mk

Кога креирате кориснички профил на www.trgovija.mk од вас се бара да поставите лозинка за пристап до Вашите податоци и Вашата корпа со производи. За да го максимизирате нивото на безбедност користете лозинка составена од минимум 6 карактери (знаци), по можност користејќи комбинација на букви и бројки. Самите Вие сносите одговорност за чувањето на Вашата лозинка (не ја кажувајте на трети лица). Можете да ги разгледувате производите на веб страната и без креирање на кориснички профил, но сепак за пристап до одредени бенефиции, оставање коментари и правење на COD нарачка морате да се пријавите со Ваш кориснички профил.

Cookies и автоматско снимени податоци (не-лични податоци)

Cookie е малечок фајл со податоци кој што може веб страната или e-mail-от да го сними во вашиот интернет прелистувач, кој што фајл потоа е сниман на Вашиот тврд диск. Нашата веб страна користи популарно наречени cookies за креирање на персонализирано шопинг искуство на нашите посетители. Cookies симулираат константна конекција – тие ни овозможуваат да „запомниме“ информации за Вашите подесувања при Вашите сесии на страната, и Ви овозможуваат да се движите низ делови на страната без потреба повторно да се претставувате.

„Трговија Ком“ ДОО ги користи популарно наречените cookies на Вашиот компјутер за прибирање на не-лични податоци кои не би ја загрозиле Вашата приватност.

Имате избор да го подесите вашиот Веб прелистувач да не прифаќа cookies. Но, без овозможени cookies, нема да бидете во можност да гледате, креирате кориснички профил или да правите нарачки на www.trgovija.mk.

Clickstream Технологии

Нашиот Web сервер автоматски прибира clickstream информации како што се веб адресата (или URL) од веб страната која Ве насочила кај нас, кои страни се најпосетени на нашата веб страна, која софтверска апликација е користена како интернет прелистувач, кои поими или производи се најпребарувани и слично.

Нашите администратори можат да користат и други технологии со цел следење на посетеноста и атрактивноста на содржината на нашата веб страна. Овие анонимни clickstream податоци им овозможуваат на нашите корисници подобро шопинг искуство и ни помага нам, како компанија, да анализираме како корисниците ја користат нашата веб страна, со што добиваме можност за константна надградба и адаптација на потребите на корисниците.

Грижа за безбедноста на приватноста на вашите лични податоци

Ве молиме контактирајте нè доколку наидете на било каква сомнителност за нарушување на безбедноста на Вашите лични податоци. После доставеното барање или покревање на прашање од Ваша страна во однос на безбедноста, ние ќе Ви одговориме најдоцна за три работни дена од приемот на Вашето прашање. Пратете e-mail на: info@trgovija.mk

Промени во полисата за заштита на личните податоци

Како што „Трговија Ком“ ДОО константно се подобрува и адаптира, горенаведената полиса за безбедност на личните податоци е подлежна на промени. Доколку има некои измени или додавања на оваа полиса, измените ќе бидат поставени тука или во друга форма и ќе бидат подлежни на ваша ревизија.

Секогаш со вас

„Трговија Ком“ ДОО

Трговија Ком ДОО - trgovija.mk