Трговија Ком ДОО

Политика за испорака

Истакнатите цени на производите на интернет продажното место trgovija.mk се крајните цени со клаузулата EXW Ex Work од INCOTERM 2000. Тоа значи дека продавачот за истакнатата цена се обврзува да ја направи стоката достапна на купувачот, во договорениот рок, во своето седиште.

Trgovija.mk организира испораката на своите производи на адреса наведена од страна на купувачот. Доставата НЕ ЈА ВРШИ trgovija.mk  туку ја  реализира преку фирма превозник со која има склучено договор за соработка. Доставата може да биде извршена и преку пошта.

Сите трошоци за транспорт паѓаат на купувачот на стоката (освен за продуктите за кои има бесплатна достава).

Цената за испорака на стоката е цената на чинење која ја наплатува превозната фирма и ќе ви биде пресметана при наплатата на каса на страната на trgovija.mk. Цената за испорака на производите се определува од тежината и волуменот на производите, а при порачка на производи се плаќа вкупно, а не одделно за секој производ (кумулација на пратки).

Во прилог е ценовникот за достава по кој се врши достава преку “Глобко“.

0 до 1 кг.

130 ден.

1 до 5 кг.

150 ден.

5 до 30 кг.

200 ден.

30 до 40 кг.

300 ден.

40 до 50 кг.

400 ден.

Зависно од пратката и адресата испораката се врши по направената нарачка, наредниот ден или во определениот рок. За ден на нарачка се смета секој ден во кој е реализирано плаќањето, за сите нарачки извршени по 18:00 секој работен ден и 15:00 во сабота се смета како нарачка направена  наредниот работен ден т.е. понеделник.

За одредени производи може да има одредено подолг рок на испорака кој јасно е истакнат во опис на продуктот, но неможе да биде подолг од 30 дена, за сите други производи максималниот рок на испорака изнесува 5 дена.

Маса: Се примаат поединечни пратки со вкупна тежина до 50 кг.

За одредени производи има бесплатна достава- тоа значи дека trgovija.mk се обврзува да го испорача дадениот продукт на одредената адреса БЕСПЛАТНО! Ако станува збор за нарачка во која се содржани и други производи за кои нема бесплатна достава, во тој случај пратката се кумулира и се третира како единствена пратка за чија достава ке ви биде намален износот на чинење пресметан за достава на продуктот за кој важи бесплатна достава.

Политиката за бесплатна достава важи за секоја поединечна нарачка над 5000 ден.

Секогаш со вас

“Трговија Ком“ ДОО

Трговија Ком ДОО - trgovija.mk