Трговија Ком ДОО

ЧПП - често поставувани прашања

 

 

 

Која е предност доколку купувам онлајн?

Милиони луѓе ширум светот секојдневно купуваат преку интернет. Бидејки онлајн купувањето (on-line shopping) Ви штеди пред се време и пари, наместо да лутате по разноразни дуќанчиња и да барате одреден продукт отсега ќе можете да го пронајдете и купите потребното од својот дом или од било каде доколку имате интернет пристап со Вашата платежна картичка. Производите кои сте ги нарачале преку нашата веб продавница на Ваше барање можат да се испорачаат до Вашиот дом, работа или онаму каде што сакате.

^ Врати се најгоре

 

Дали на Вашата веб страница можам да го купам она што го гледам?

Покрај тоа што ќе можете да ги погледнете, фотографиите, карактеристиките и цените на производите, истите можете да ги платите и да го добиете на адресата која ќе ја наведете. Начинот на плќање е многу едноставен.

По полнење на кошничката, купувачот може да избере дали ќе креира свое корисничко име и лозинка или ако веќе има креирано ќе се најави на нашата страница или пак наплатата ќе ја изврши анонимно. Купувачот во моменот на плаќање се редиректира, т.е. пренасочува кон безбедната веб страница на процесорот Casys, каде што купувачот ги внесува податоци за својата платежна картичка. По извршената трансакција купувачот повторно се редиректира назад на веб страната на „Трговија Ком“ ДОО - trgovija.mk.

^ Врати се најгоре

 

Дали може продуктот кој ми се допага да го купам директно од вашите простории?

Нашите производи можете да ги купите исклучиво онлајн т.е. на нашата интернет продавница „Трговија Ком“ ДОО - trgovija.mk, а испораката може да биде на било која адреса, која вие ќе ја одберете

^ Врати се најгоре

 

Дали производите кои се продаваат на Вашата веб страница се употребувани или нови?

Сите производи во е-продавницата на „Трговија Ком“ ДОО - trgovija.mk се нови, неотпакувани и неупотребувани.

^ Врати се најгоре

 

Со кој платежни картички може да се плате?

Поголемиот дел од платежните картички, VISA, VISA Electron, MASTERCARD, MAESTRO како и националните платежни картички издадени од Македонските банки можат да се користат за купување во нашата продавница, сепак има мал број на платежни картички од одредени Македонски банки со кој не може да се купува онлајн, како на пример MAESTRO картичката издадена од Комерцијална Банка.

^ Врати се најгоре

 

Дали морам да платам со платежна картичка?

Не. При процесот на плаќање ќе бидете запрашани да изберете начинн на плаќање каде на располагање ви стои опцијата за плаќање во банка, што значи дека сумата на порачката треба да ја уплатите на дадената сметка со општа уплатница во било која банка, пошта или пак е-банкинг систем. По легнување на уплатените средства на нашата сметка купената роба ќе ви биде испорачана на избраната адреса за достава.

^ Врати се најгоре

 

Дали мојата платежна картичка може да стане предмет на злоупотреба?

Во моментот кога ќе ја потврдите порачката и ќе пристапите кон плаќање, Вие од нашата веб страница се редиректирате - пренасочувате на веб страницата на Casys. Сите податоци кои ги оставате на веб страницата на trgovija.mk, а тоа се име, презиме, е-пошта, телефон и адреса се употребуваат единствено за испорака на порачаниот производ и ракувањето со овие податоци е во строга корелација со Законот за заштита на личните податоци. Повеќе информации можете да погледнете во Политиката за заштита на личните податоци, за која Дирекцијата за зашита на личните податоци на Р. Македонија има доделно позитивно мислење.

По редирекцијата, на веб страницата на Casys, обележани се сите полиња, кои е потребно да ги пополните. За плаќање со платежна картичка, „Трговија Ком“ ДОО - trgovija.mk има склучено договори со ИК Банка.

За e-commerce услугите, банкaтa има имплементација на 3DSecure технологија, која подразбира дополнителни методи на аутентификација на имателите на платежните картички. Со имплементацијата на 3D Secure технологијата се штити и „Трговија Ком“ ДОО - trgovija.mk во процесот на купување од евентуалната можна злоупотреба на платежните картички што се поминуваат преку неговото Интернет продажно место. Освен наведеното, имплементирана е и друга безбедносна мерка,128Bit SSL која е потребна во комуникацијата помеѓу купувачот и процесинг центарот. По извршената трансакција страната повторно се редиректира на веб страната на „Трговија Ком“ ДОО - trgovija.mk.

^ Врати се најгоре

 

Се обидов да платам, но неуспешно. Што треба да направам?

Неуспешното плаќање може да биде резултат на повеќе фактори: недоволно средства на платежната картичка, истечена или блокирана платежна картичка...

Заради тоа, советуваме најнапред да ја контактирате банката која ја издала картичката со која сте го извршиле плаќањето.

Доколку со Вашата картичка се е во ред и истата можете да ја користите за интернет плаќање, но обидот да платите е повторно неуспешен, тогаш можете да не контактирате секој работен ден на 033 550 750 со цел да ја започнеме процедурата со процесинг центарот на Casys или пак да се обратите во дежурниот центар на Casys, кој е отворен 24 часа на телефонскиот број 02 3293 888.

^ Врати се најгоре

 

Дали сигурно ќе ми биде испорачан производот?

Да. Прегледајте ги Методи на испорака на нашата е-продавница, каде ќе најдете подетални информации за начинот и гаранциите за испорака.

^ Врати се најгоре

 

Што доколку производот не соодветствува со описот?

Сите производи поставени за продажба во е-продавницата на „Трговија Ком“ ДОО - trgovija.mk. дескриптивно се опишани и објаснети со цел да се добијат најточни податоци за истите. Сепак, доколку производот кој сте го добиле не е во согласност со поставениот опис, истиот можете да го вратите и да го замените за друг или да побарате враќање на уплатените средства. Притоа, внимателно прегледате ja Политиката за враќање на производи.

^ Врати се најгоре

 

Што доколку производот е со фабрички недостаток и тоа го забележам дури откако ќе го отпакувам?

Производите поседуваат гаранции кои ги покриваат фабричките недостатоци и доколку при сервис се воспостави дека производот е фабрички неисправен, истиот или ќе се поправи или ќе Ви се даде нов. Во нашата е-продавница важат сите одредби согласно Законот за заштита на потрошувачите и согласно тоа, Ве покануваме да ја погледнете нашата Политика за враќање на производи.

^ Врати се најгоре

 

За колку време можам да очекувам одговор на поставено прашање до trgovija.mk?

Вообичаено одговараме во истиот момент кога е поставено прашањето. Сепак, зависно од информациите кои ги барате, за кои е потребно повеќе време, „Трговија Ком“ ДОО - trgovija.mk е должен да одговори во рок од 24 часа. Доколку, сепак е потребно повеќе време од 24 часа да се обезбедат информации како одговор на поставеното прашање, претставник од „Трговија Ком“ ДОО - trgovija.mk ќе Ве контактира со цел да Ве извести за ова.

^ Врати се најгоре

 

Дали можам да добијам попуст за одредени производи?

е-продавницата на„Трговија Ком“ ДОО - trgovija.mk постојано има организирани акции или попусти на цени на одредени производи. Исто така, нашите редовни клиенти добиваат купонски код, со чие користење добиваат дополнителен попуст на производите купени од „Трговија Ком“ ДОО - trgovija.mk.

^ Врати се најгоре

 

Секогаш со вас

“Трговија Ком“ ДОО

Трговија Ком ДОО - trgovija.mk