,,Фешн Ива,, ДООЕЛ

Германиум Ge-132 - капсули 75х500мг

Quick Overview

Органскиот Германиум Ge 132, поседува сертификат, како безбеден додаток во исхраната и како таков, кај нас за потенцијалните корисници е достапен во вид на дозирана форма капсула од 500мг.

Availability: In stock

3,190.00 den.
OR

Be the first to review this product

Активен Органски Германиум Ge-132 капсули 75х500мг

More Views

  • Активен Органски Германиум Ge-132 капсули 75х500мг

Details

Опис и примена

Германиумот во својата органска форма наречена Ge 132 (Bis-Beta Carboxyethyl Germanium Sesquioxide) e создаден во Институтот Coal Research во Јапонија по повеќегодишни истражувања на Д-р Казухико Асаи во 1967 година.

Органскиот германиум, долго време темелно бил истражуван во многу светски научни центри, како и од повеќе научници кои биле заинтересирани за алтернативното лекување на многу тешки заболувања. Особено се важни испитувањата изведени со цел да се дефинира улогата на Ge 132 во подобрувањето на отпорноста и општата здравствена состојба на човекот, во услови на современо живеење и хроничен стрес.

Неорганскиот облик на германиум, се користи како полупроводник во електронската индустрија и нема нутритивни или терапевтски карактеристики. Синтезата на германиумот во активна органска форма како Ge 132 се смета за едно од најголемите откритија во нутритивното лекување на ракот и други тешки заболувања.

Кај луѓето кои редовно го употребуваат, Ge 132 делува на тој начин што му помага на човековиот организам да се ослободи од токсичните материи кои ги внесува преку употреба на хемизирана храна, неквалитетна вода, загаден воздух и на други начини.

Органскиот Германиум Ge 132, поседува сертификат, како безбеден додаток во исхраната и како таков, кај нас за потенцијалните корисници е достапен во вид на дозирана форма – капсула од 500мг.

Во последните дваесет години, Ge 132 бил предмет на многу научни истражувања од областа на патологијата, биохемијата, фармацијата, имунологијата и онкологијата. 

Денес во светот, Ge 132 се користи на повеќе начини, и тоа во комбинација со соодветен режим на исхрана при превенција против скоро сите заболувања. Во комбинација со хемотерапија, радиотерапија и хирургија се употребува како додаток на исхрана кој помага во борбата против ракот, додека во комбинација со одредени диети се користи во центри/советувалишта за третман на стрес и други заболувања.

Досегашната употреба на Ge 132 како додаток на исхраната покажала многу добри резултати кај следните болести:

  • разни видови тумори;
  • ангина пекторис и срцева слабост;
  • хипертензија (покачен крвен притисок);
  • хиперхолестеролемија и атеросклероза;
  • дијабетес (шеќерна болест);
  • витилиго (губење на пигментацијата на кожата)
  • шлог и апоплексија;
  • ревматоиден артритис и други автоимуни заболувања;
  • Алцхајмерова и Паркинсонова болест;
  • синдром на хроничен умор;
  • очни болести (глауком, катаракта).

 

Како делува Ge 132?

Структурата на Органскиот Германиум Ge 132, овозможува поврзување со три атоми на кислород. Како таков, Ge 132 претставува моќен и ефикасен носител на кислород до јадрата на човековите клетки.

Д-р Otto Warburg, добитник на Нобелова награда за физиологија и медицина во 1931г. дошол до заклучок дека недостигот и губењето на кислород во клетките е главната причина за развивање на ракот. Малигните клетки не можат оптимално да го искористат кислородот, односно се развиваат само во услови без кислород (анаеробна средина).

Ge 132 овозможува квалитетно снабдување на човековите клетки со потребниот кислород, со што се намалува растот на клетките на ракот, а воедно се олеснува процесот на враќање на клетките во својата нормална функција.

Недостатокот на кислород во клетките доведува до зголемување на концентрацијата на слободни радикали во клетките. Се смета дека зголеменото присуство на слободни радикали е важен фактор при појавата на хроничните заболувања кај човекот.

Ge 132 е еден од најсилните познати природни антиоксиданси. Антиоксиданси се супстанции, чии атоми лесно предаваат електрон на слободниот радикал, на кој во надворешната атомска орбита му недостасува еден електрон што го прави да биде нестабилен и агресивен кон нормалните клеточни структури и претставува закана за нормалната физиолошка активност на клетките.

При состојба на хроничен стрес, нарушено е нормалното снабдување на човековите клетки со кислород, а истовремено се ослободуваат големи количества на слободни радикали. Овие слободни радикали лесно ги преминуваат клеточните мембрани и ја менуваат нормалната функција на клетките, односно поттикнуваат неконтролирана делба и создавање на ненормални клетки (канцер-клетки), т.е. малигни тумори.

Според д-р Асаи, Ge 132 има позитивни ефекти кај болни од рак на белите дробови, бешиката, грлото, рак на дојка, неурози, астма, дијабетес, хипертензија, леукемија, срцева слабост, омекнување на мозокот, миом на матка, цироза на црниот дроб и др. Тој утврдил дека кај сите болни е забележано видливо подобрување на здравствената состојба, бидејќи во тек на терапијата со Ge 132, болните се хранеле правилно.

Освен што овозможува подобро снабдување на човековите клетки со кислород, според Студијата објавена во списанието Journal of Interferon Research, Ge 132 го стимулира враќањето на нормалната функција на Т-клетките, B-лимфоцитите, како и Nаtural Кillers активностите на многу други клетки кои произведуваат антитела

Органскиот германиум ја стимулира синтезата на гама-интерферонот во организмот. Интерферонот има многу силен антиканцероген ефект. Многу студии за Ge 132 покажуваат дека тој го зголемува човековиот имунитет, го подобрува здравјето, па ако редовно се користи за време на хемотерапија и зрачење, не се забележуваат поголеми несакани ефекти. Органскиот Германиум е целосно нетоксичен, безбеден и може да се зема посебно или заедно со препорачана медицинска терапија.

Употребата на Ge 132 има најголем ефект кога се комбинира со храна според препораките за правилен начин на исхрана.

Силниот имуностимулативен ефект на Ge 132 во организмот станува уште поделотворен кога се комбинира и со неколку други квалитетни природни антиоксиданси кои се содржат во капсулата од 500 мг.

 

Состав:

Една капсула Ge 132 од 500мг содржи:
150мг активен органски германиум, 125мг матичен млеч, 75мг екстракт од семки од црвено грозје, 25мг двоен протеински комплекс од ајкула, 50мг екстракт од шипка и 75мг екстракт од зелен чај.

  Матичниот млеч е пчелин производ. Во клиничката пракса е утврдено дека матичниот млеч освен што е ефикасен природен антиоксиданс, претставува „чудесна супстанца“ која е силен биостимулатор и регенератор на човековите клетки. Делува антибиотички и аналгетски, и е прогласен за најсилен природен антитуморен фактор.

Екстрактот од семки од црвено грозје, е исто така силен антиоксиданс, кој ги заштитува човековите клетки од прекумерните слободни радикали, ја подобрува циркулацијата на крвта заради присуството на ресвератролот кој ефикасно ги прочистува крвните садови од атеросклеротски наслаги.

Екстрактот од шипка содржи природен витамин Ц, кој во целост се искористува од човековиот организам, а воедно се потенцира антиоксидативното дејство на производот.

Зелениот чај се користел во источната медицина како антиоксиданс веќе 5.000 години. Утврдено е дека го заштитува мозокот од штетното дејство на слободните радикали, го заштитува респираторниот систем од инфекции, го блокира дејството на клетките на ракот, го заштитува организмот од последиците од зголемена радијација и го забавува процесот на стареење на организмот.

Двојниот протеински комплекс од ајкула е добиен со екстракција на `рскавицата и црниот дроб на ајкулата, која никогаш не заболува од рак. Тој го спречува растот на нови крвни садови кои го хранат туморот и на тој начин го оневозможува неговото ширење. Особено го заштитува црниот дроб од дејството на слободните радикали и му помага на организмот во процесот на детоксикација.

 

Упатство за употреба:

Како додаток на исхраната се земаат 1 до 2 капсули пред јадење со чаша вода, пожелно во претпладневните часови

Поголеми количини од препорачаното можат да се земаат само во консултација со квалификуван здравствен консултант.

 

Начин на чување:

Да се чува на температура до 25 °С, заштитено од директна светлина и влага, надвор од дофат на деца.

 

Рок на траење:

Рокот за употреба на производот е 36 месеци, до датумот означен на пакувањето

 

Корисниците на Нутри Вита Ge 132 можат да побараат дополнителни информации за производот во НУТРИ ВИТА - Нутриционистичко Советувалиште за исхрана на здрави и болни, како и да добијат препораки за неговата правилна употреба и Совети за правилен начин на исхрана.

Additional Information

Video Review No
Size No
Free Shipping No

Product Tags

Use spaces to separate tags. Use single quotes (') for phrases.